Повеќе од два часа по спроведувањето во полициска станица, на бизнисменот Јордан Камчев му е соопштено само едно: дека е приведен за божемна изборна измама, поради која наводно се подготвувал за бегство.
Според сознанијата, се шпекулираше дека наводно Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала цврсти информации дека тој се подготвува за бегство, а всушност станува збор за службена белешка сочинета на една нецела страница.
Од извори блиски на Камчев се дознава дека тој немал никака намера за бегство, што може лесно да се заклучи од некои неспорни и лесно проверливи факти.
Имено, бизнисменот Камчев како што е познато не поседува пасош, а тоа значи дека не може легално да ја напушти земјава и да се даде во бегство. Од друга страна, целото негово семејство, вклучувајќи ги и децата, се во Скопје. Исто така, сопственикот на „Орка холдинг“ во моментов подготвува крупни инвестиции во Македонија.
Општо познато е дека тој буквално секој ден е ангажиран во менаџирањето на клиничката болница „Аџибадем Систина” и особено на нејзиниот ковид- центар.
„Кој човек во таква ситуација и со тако активности би планирал бегство од земјата?“, – зачудено велат негови блиски, пренесува Плусинфо.
Досега во медиумите беа објавени повеќе шпекулации дека спроведувањети на Камче во полициска станица е поврзано со случаите „Империја““ и Плацеви на Водно“.
Дека сево ова веројатно е неточно, говори и тоа што на бизнисменот му било кажано дека е спроведен во полиција поради некаква изборна измама, за која тој не знае ништо. Поради тоа се јавуваат сомневања дека претставата со приведуввањето на Орце Камчев е изрежирана за да се покријат крупните и други скандали на власта, кои во текот на оаа недела неа обелоденувани буквално секој ден.