Камчев со спогодба признал вина за случајот „Империја“, ќе врати 5 милиони евра

Кратко откако обвинителството на Русковска соопшти дека ја финализирало истрагата за Империја и се подговтвува за обвинение, бизнисменот Орце Камчев се спогодил со обвинителите – да нема судење, а тој да добие 1 година затвор и да врати во буџетот 5,2 милиони евра…. Казната е за затаен данок од 2004 и 2005 година со фирмата „Орка холдинг“ и „Кара“, изјави за Канал 5 шефицата на обвинителтвото за гонење на организиран криминал Вилма Русковска. Со ова, вели таа, завршува постапката против Камчев.

„Во вторникот стигна согласност од јавниот обвинител Љубомнир Јовески по што во средата беше потпишана предлог спогодба на која и претходеше уплаќањето на пари од страна на Јордан Камчев на сметка на УЈП, се потпиша спогодбата, а вчера беше на верификација кај судија на претходна постапка.“ – Вилма Русковска ,шефица на ОЈО ГОКК

Сумата која ја платил Камчев на државна сметка произлегува од вештачењето кое го изготивиле професори од Економскиот факултет. Освен Камчев, за „Империја“ со признание на вина се спогодил и бизнисменот Ненад Јосифовиќ кој исто така доби една година затвор.

Обвинителката Русковска вели дека има најави за спогодби и со други осомничени во овој случај.

„Станува збор и за Мијалков, а има и некои најави, но нема званични иницијативи доставени и од останатите осомничени. Не би одела со износи, ако дојде до спогодување јавноста ќе биде известена,но во секој случај ќе биде многу поголема од што е со Јордан Камчев“

За останатиот дел од истрагата за „Империја“, во која е опфатен период по 2009 година, како и стечајната постапка на МПМ, постапката продолжува, велат од обвинитлеството и посочуваат дека течат роковите во кои согласно закон обвинетите и одбраната имаат право на увид во доказите и предлагање на докази. По истекот на овие рокови предметниот обвинител ќе донесе јавнообвинителска одлука.​