
Македонската репрезентација во традиционално карате освои 2 златни медали, 1 сребрен и 2 бронзени медали.
Најуспешна наша натпреварувачка беше Камелија Недев која освои две први места во кати и кихон ипон кумите за деца 12-13 години, Софија Јарчевска освои второ место во кихон ипон кумите за деца 12-13г.
Трето место освоија Филип Недев во џиу ипон кумите за деца од 10-13 години и Максим Поп Трпев освои бронзен медал во кихон ипон за деца 8-9 години.
На интернационалниот куп во Вроцлав, Полска учествуваат близу 700 каратисти од 25 земји. Во тек се напреварите за сениори, јуниори и кадети.