Каменувал полицајци па им се заканувал со бомба

Жител на прилепското село Сенокос ја претепал мајка си, а потоа со бомба им се заканувал на полицајци, информираше МВР.

Инцидентот се случил вчера околу 14 часот кога во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од Сенокос пријавила дека нејзиниот син А.А. (21) ја нападнал и повредил.

Полициска патрола дошла во селото и пред семејната куќа ги затекнале Х.А. и нејзиниот сопруг како разговараат со сосед за настанот.

Кога А.А. ги видел полицајците почнал да ги навредува нив, како и родителите. Тој во еден момент почнал да фрла со камења кон нив и не престанал кога го предупредила полицијата. Насилникот продолжил, па им се заканил дека же фрли бомба. Тогаш полицајците го совладале и привеле. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.