
Вчера, возач во ЈСП пријавил дека на ул.1 во с.Арачиново, управувајќи го автобусот на линија број 55 кој пренесувал патници од с.Арачиново до Транспортен центар – Скопје, непознати лица го каменувале автобусот, при што го оштетиле задното лево стакло, по што избегале во непознат правец.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.