Каменуван минибус на Партизанска, повреден е патник

Камења и бекатонски плочки  биле фрлани од мостот Влајко на Партизанска по минибус на компанијата „Менсур Турс“, кој превезувал патници.

Од извршеното каменување е скршено едно стакло на минибусот и едно лице било повредено, по што му е укажана лекарска помош во “Св. Наум Охридски” каде му се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.