
Украдена камера на МВР во село Вишни, струшко.
Како што информираат од МВР, во ноќта помеѓу средата и четвртокот, поточно во периодот од 20,45 до 08,30 часот над село Вишни струшко, поточно над црквата Св.Никола, од страна на непознар сторител извршена е тешка кражба на камера сопственост на МВР на Република Македонија.

Сторителот со употреба на подесен предмет (моторна пила), го пресекол дрвото на кое била поставена камерата, ја одзел и го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.