
Анкета објавена минатата недела покажа дека мнозинство Британци би гласале за напуштање на ЕУ.
Камерон додаде дека напуштањето на Унијата нема да биде добра одлука доколку тој ги оствари своите цели во поглед на реформи што го регулираат членството на Британија во ЕУ.
– Британскиот народ сам ќе одлучи. Мора да ја почитуваме таа одлука без разлика каква ќе биде, изјави Камерон во интервју за Би-Би-Си.
Тој додаде дека „излегувањето од ЕУ не е вистинскиот одговор, но ако тоа биде одговор ќе мора да направиме се што е потребно за да се реализира таа одлука“.