Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека Европа мора да остане обединета во спроведувањето на санкциите кон Русија и покрај евентуалните проблеми што тие би ги предизвикале за земјите од ЕУ, пренесе МИА.
– Мораме да се погрижиме Европа да остане обединета. Санкциите влијаат врз сите земји, изјави Камерон пред почетокот на Самитот на Г-7 во германскиот град Крин.
Тој нагласи дека Велика Британија не дозволува нејзините интереси во финансиските услиги „да му застанат на патот на остриот одговор на агресијата што ја поддржува Русија“.
– Мислам дека тоа не треба да го дозволат ни другуте земји, рече Камерон, нагласувајќи дека ќе побара од лидерите на Г-7 да и испратат „остра порака“ на Русија во врска со Украина.