Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска ќе биде домаќин на францускиот претседател Франсоа Оланд,а главна тема на нивните разговори ќе биде начинот на реформирање на ЕУ.
Ова ќе биде прв англо-француски самит откако Оланд ја презеде функцијата во мај во 2012, пренесува Ројтерс.
Двајцата лидери ќе ги разгледаат и прашањата за енергетика и одбрана, а се очекува дека ќе потпишат и договор од таа област, наведува Ројтерс.