Камерон му телефонирал на Јункер за да му честита за неговото номинирање на чело на Европската комисија и покрај тоа што водеше жестока кампања за спречување на неговото доаѓање на функцијата, пренесоа медиумите.
Истражување на јавното мнение објавено за време на викендот во „Мејл одн санди“, покажува дека по номинирањето на Јункер се зголемил делот од Британците кои се за напуштање на Европската унија. Од анкетираните 1.000 лица, 47 отсто одговориле дека на евентуален референдум би гласале за тоа Велика Британија да ја напушти ЕУ, а 39 отсто да остане.
Британскиот премиер Дејвид Камерон и идниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер сакаат да работат заедно на подобрувањето на конкурентноста во Европската унија, изјави вчера портпаролот на Камерон, цитиран од француските медиуми.
-Премиерот го поздрави ангажманот на Јункер да се најде решение за политичките стравувања на Обединетото кралство, изјавил висок британски претставник.