Британскиот премиер Дејвид Камерон во неделата укажал на потребата да се промовираат „британски вредности“ во поголема мерка, во моментот кога неколку државни училишта се обвинети дека се под силно влијание на исламистите.
Британскиот премиер оценил дека таквите ставови придонеле за поделба и овозможиле јакнење на насилен и ненасилен облик на екстремизам.
„Ние мораме на многу поинтензивен начин да ги промовираме британските вредности и да ги јакнеме институциите кои ги бранат“, нагласил Камерон.
Додал дека во Велика Британија клучни се верата и слободата, толеранцијата и индивидуалната и општествената одговорност и почитувањето на законите.
Лондон пред 15 години го доби прекарот „Лондонистан“, со што се алудираше на присуството на припадници на различни екстремистички струи, кои ја контролираа традицијата на слобода на говорот во Велика Британија, наведува Франс Прес.
Во меѓувреме, многу од нив се уапсени, а на некои им се суди. Нејголемо внимание во јавноста привлекоа Абу Хамза, кој неодамна во САД е прогласен за виновен за тероризам и држење во зложишнотво, додека на Абу Катди моментно во Јордан му се суди за тероризам.
Државните инспектори задолжени за образование во понеделникот соопштија дека шест училишта во Велика Британија се под силно влијание на радикалните исламисти и дека е неопходно да бидат ставени под специјален режим.