Камион истура шут во населено место, инспекции нема ни за лек!

Загрижен граѓанин објави на Фејсбук видео на кое се гледа како со камион се истура градежен шут и комунален отпад во долот помеѓу Трнодол и Шпанско Село.

„Ова во моментов се случува во долот помеѓу Трнодол и Шпанско Село!
Град Скопје Општина Карпош Петре Шилегов Стефан Богоев Министерство за животна средина и просторно планирање
До кога вака ќе дозволувате? Кај се инспекциите? Кај се казните? Цел дол ни е депонија од вакви!“, стои во објавата.