Камион налета на луѓе во Гватемала, над 30 мртви

Повеќе од 30 луѓе, меѓу кои и деца, загинаа кога камион влетал во маса луѓе во западниот дел од Гватемала, објави локалниот весник Prensa Libre.

Камионот ги прегазил луѓето кои оделе по патот за да дојдат до друго лице, коешто исто така претходно било удрено од автомобил, изјавил Сесиљо Чакаи, портпарол на локалната противпожарна екипа. Инциденот се случи во средата вечерта по локално време во општината Науала.

Според Чакаи, најмалку 17 лица биле хоспитализирани во болницата во демартманот Солола. Уште 9 настрадани спасувачите пренеле во болницата во градот Каселтенанго. Точниот број жртви сѐ уште не е познат, а според некои непотврдени податоци станува збор за 32 загинати.

Гвателамскиот претседател Џими Моралс на Twitter изрази сочувство во врска со инцидентот.

„Жалам за трагедијата која се случи во општините Наулала, Солола, во која загинаа повеќе од 30 лица. Во моментов ги координираме активностите за помош на роднините на жртвите. Изразувам сочувство“, напиша Моралес.