Камион прегазил пешак, возачот побегнал

Камион удрил во пешакот К.Н. (65) од скопското село Рашче и тешко го повредил,изминатата ноќ во селото Сарај. По сообраќајката возачот со камионот избегал од местото на сообраќајката.

Според полицијата, камион „форд транзит“ со велешки таблици удрил во пешакот К.Н. По сообраќајката пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, и според лекарите имал тешки повреди.

Полицијата го расчистува случајот и го бара возачот на камионот.