Возач на камион во петокот доцна попладнето учествувал во сообраќајна несреќа со мотоцикл кај селото Србјани на магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, но од засега непознати причини продолжил по патот, по што бил пресретна од полицијата и вратен на местото на настанот.
Како што извести МВР, несреќата се случила во понеделникот околу 18,25 часот на магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, во непосредна близина на крстосницата за селото Србјани, во која биле инволвирани товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од 51-годишниот В.С. од валандовското село Јосифово, кое продолжило со движење и мотоцикл „холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од 37-годишната Д.С.П. од кичевското село Србјани.
По преземени мерки камионот било пресретнат и вратен на местото на инцидентот, а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во скопскиот Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.