Пакистанската полиција соопшти дека камион со приколка удрил во автобус паркиран покрај автопат во јужниот дел на земјата, при што загинале најмалку 15 лица, објави АП.
Се тврди дека несреќата се случила пред зори во градот Матиарај во јужната провинција Синд.
Локалниот полициски претставник Мохамед Тахир изјави дека 17 лица се повредени во судирот и дека некои од нив биле во критична состојба. Тој рече дека несреќата веројатно била предизвикана од невнимание на возачот на камионот.