Камион усмртил 17 овци на стариот пат Штип – Велес

Вкупно 17 овци угинаа на стариот регионален пат Штип – Велес откако во нив удри товарно возило, соопшти полицијата.

Според портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова, несреќата се случила на патот меѓу селата Три чешми и Кадрифаково.

Увидот е во тек и засега нема подетални информации за евентуално повредени лица.

Во слична несреќа на оваа делница во 2010 година угинале 30, а во 2011-та 11 овци.