Камионџиите го блокираа Сао Паоло, војската на готовс

Во бразилскиот град Сао Паоло е прогласена вонредна состојба, со што се суспендирани административните служби кои не се од суштинско значење со цел да се заштеди гориво поради протестите на возачите на камион. Возачите на камиони веќе пет дена ги блокираат главните сообраќајници во Бразил поради зголемените цени на дизелот.

Бразилскиот претседател Мишел Темер ја овласти армијата да ги отстрани блокадите од виталните патишта во земјата ако камионџиите не престанат да протестираат, вели извор во владата.

Владата доцна вчера постигнаа договор со неколку групи што ги претставуваат возачите на камиони да го суспендираат протестот за 15 дена, но блокадата останала во повеќето држави.

 

Од Владата ветиле дека  дека ќе ги субвенционираат и стабилизираат цените на дизелот.

Здружението на возачите „Абкам“ соопшти денеска дека не го прифаќа договорот на Владата со останатите групи на камионџии да се стави крај на блокадата што ги парализираше клучните сектори на најголемата економија во Латинска Америка.

“Aбкам” соопшти дека нема да се повлече од блокадите додека ветеното намалување на даноците за гориво нема да бидат преточени во закон, што сигурно нема да се случи до следната недела.

Здружението, кое претставува 600.000 возачи им порачало на своите членови да останат „цврсти“ и да не се откажат.