Напаѓачот во Ница бил вооружен, а камионот бил полн со експлозиви. Ова во изјава за Ла Монде го потврдил Кристијан Етроси шеф на локалната полиција во Ница, пренесува „Гардијан“.
Во синоќешниот напад беа убиени 84 лица а околу 100 се повредени откако вооружениот напаѓач со камион со полна брзина удрил во толпата собрана да го следи огнометот по повод 14-ти Јули, националниот празник на Франција, покрај кејот во Ница.
Француската антитерористичка единица ја води истрагата по нападот, во кој возачот возел цели 2 километри пред да биде застрелан од страна на полицијата. Засега се истражува дали напаѓачот дејствувал сам или имал соработници.
Датумот на нападот, Националниот празник во Франција според многумина е симболичен. На овој датум навршуваат точно осум месеци по нападите врз Париз во ноември минатата година во кои загинаа околу 130 лица.