Кампања за поддршка на британската медицинска сестра осудена за убиства на бебиња

Во Велика Британија започнала кампања за поддршка на медицинската сестра Луси Летби, која беше осудена на доживотен затвор за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест, во чии рамки е планирано да се соберат средства за поднесување жалба, пишува The Telegraph.

„Судењето на Луси Летби веројатно претставува најголемиот судски пропуст кој некогаш го видела Велика Британија. Со собирање средства, спроведвуање истраги и осигурување правна помош. посветени сме на Луси Летби да ѝ осигуриме правично судење на кое ќе бидат добиеи веродостојни докази. Во моментов работиме на сформирање група стручњаци, адвокати и активисти кои ќе помогнат во претстојната жалбена постапка“, ја цитира весникот објавата од интернет страницата за собирање донации која сѐ уште не е функционална.

Адвокатите на Летби сѐ уште не коментираа дали ќе поднесат жалба за пресудата на нивната клиентка. Тие имаат права да се обидат да поднесат жалба на пресудата и покрај малите шанси за успех, оценува весникот.

Главната цел на кампањата,предводена од Сарита Адамс – научен консултант за биотехнолошки стартапи со седиште во Калифорнија – е „да се осигура дека научните докази се користат одговорно во правосудниот систем“.

Во понеделникот судот ја осуди поранешната медицинска сестра на доживотен затвор за убиство на седум бебиња и обид за убиство на уште шест. Летби одби да присуствува на објавувањето на пресудата.

Како што објави Sky News, жената ила осудена на 14 доживнотни казни без право на помилување, за секога од точките на обвинението, во кое влегува и случајот за два обида за убиство на едно бебе.

Сарита Адамс ги критикува медицинските докази презентирани на судењето на Летби, во прв ред за тоа како високите нивоа на инсулин откриени кај две од бебињата биле презентирани од обвинителството, иако самата Летби не оспорила пред судот дека на бебињата намерно им инјектирала инсулин, наместо да негира.