Кампањата се одржува со цел да се подигне свеста и да потикнат активности кои ќе помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата ширум светот, и тоа секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.
Во текот на 16 дена активизам во земјата ќе се одржат бројни активности кои ќе вклучуваат осветлување на Скопско Кале во портокалово, поддршка од јавни личности од различни сфери, како и низа дебати со средношколци и студенти ширум земјата.