Кампања против сите форми на насилство врз жените и девојчињата

Македонија во следните 16 дена ќе биде дел од глобална кампања за активизам за елиминирање на сите форми на насилство врз жените и девојчињата.

Во пресрет на 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените денеска во средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ ќе се одржи помоција на оваа кампања.

По тој повод ќе се обратат постојаниот координатор на ОН во земјата Луиза Винтон, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, заменик-министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими и градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Според последните истражувања, една од три жени и девојчиња ширум светот во текот на својот живот доживува некоја форма на насилство, почнувајќи од физички или сексуален напад, преку психичко малтретирање во домот, на улица или на работно место, па се до демнење на улица или преку интернет.