Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска ќе присуствува на стартот на годинашнава кампања – „Безбедни матурски и полуматурски прослави“ што ја организира и реализира Одделението за превенција при СВР Скопје.
Целта на кампањата која се реализира шеста година по ред е подобрувања на личната и целокупната безбедност на учениците при прославата на матурските забави и нивно едуцирање за да ги препознаат и надминат ризиците, особено во периодот на прослава на матурските и полуматурските забави.