Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ одржа кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови денеска, 5.1.2015 година, на платото пред ТЦ „Бисер“ и пред трговскиот центар во населба Лисиче.
За време на акцијата на граѓаните им се делеа флаери со едукативна содржина за опасностите од пожар, како и заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога се палат бадниковите огнови.
Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави овој голем христијански празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари. На граѓаните им се посочи дека огнот треба да се пали на безбедна локација и на оддалеченост од 20 метри од огнот да нема паркирани автомобили и запаливи материи, да се внимава на децата да не се приближуваат до огнот, како и да не се фрлаат пиротехнички и запаливи материи во огнот. Организаторите на бадниковата прослава, пак, се предупредуваа да не ја напуштаат локацијата додека не го изгаснат огнот.