![migranti Grcija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/Globe-migranti-Grci-a.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Грчката крајбрежна стража и бродови во минување собраа 239 мигранти во мали чамци во близина на островите во Егејското Море и во Средоземното Море во вторникот и рано наутро во средата.
Деведесет лица испратија сигнали за помош и беа спасени јужно од полуостровот Пелопонез. Крајбрежната стража пронашла 22 мигранти јужно од медитеранскиот остров Крит, а 127 лица биле собрани од островите Сими и Лезбос, соопшти крајбрежната стража во средата претпладнето. Се верува дека сите ја напуштиле Турција, според извори блиски до крајбрежната стража, објави грчкото радио.
Камповите за регистрација на островите во источниот дел на Егејското Море се преполни поради значителното зголемување на бројот на мигранти. Во камповите на Лезвос, Хиос, Самос, Лерос и Кос, кои имаат вкупен капацитет од 13.586 лица, на 1. октомври имало 14.983 баратели на азил, покажуваат податоците на Министерството за миграција. Ова е значително зголемување во споредба со 4.400 лица кои беа сместени во камповите на 1, јануари 2023 година.
Агенцијата на Обединетите нации за бегалци го забележува и зголемувањето, истакнувајќи дека до 1. октомври 30.820 луѓе пристигнале по копно или море од Турција во Грција, а со тоа и во ЕУ. Минатата година во ЕУ нерегуларно влегле 18.700 луѓе. Грчките граничари велат дека бројот на непријавени случаи најверојатно ќе биде многу поголем.