Канаѓанецот кој веќе е обвинет за убиство на четири членови на муслиманско семејство откако ги прегазил со камион, бил мотивиран од омраза, соопшти во понеделникот канадската полиција.
Полицијата во Лондона, во покраината Онтарио, повикувајќи се на очевидци, објави дека 20-годишниот Натаниел Велтман во неделата прегазил пет членови на едно семејство на возраст од 9 до 74 години, по што избегла возејќи со голема брзина.
Велтман, кој е жител на Лондон уапсен по инцидентот, обвинет е за четирикратно убиство со предумисла и за обид за убиство. Бил уапсен на партиралиште пред трговски центар без пружање отпор, а на себе во тој момент носел панцирен елек.
„Постојат докази дека ова бил планиран и смислен чин мотивиран од омраза. Веруваме дека жртвите биле цел поради својата исламска вера“, изјави за новинарите шефот на криминалистичката полиција во Лондон, Пол Вејт.
Според медиумските натписи, семејството се доселило во Канада од Пакистан пред 14 години.
Полицијата во Лондон, град со колу 400.000 жители сместен 200 километри југозападно од Торонто, е во контакт со сојузната полиција и иследниците за можно подигнување обвинение поради тероризам, додаде Вејт. Но посочи дека осомничениот претходно немал сторено кривични дела и не е познато дека е припадник на некоја група која искажува омраза.
Полицијата не ги објави имињата на жртвите, но локалниот портал London Free Press објави дека се прегазени Сајед Афзаал на 46 години, неговата 44-годишна сопруга Мадиха Салман, и нивната 15-годишна ќерка Јумнах Афзаал. Убиена била и мајката на Сајед Афзаал на 74 години, но нејзиното име не било познато. Деветгодишниот син на Мадиха и Сајед – Фаез, е згрижен во болница со повреди кои не се опасни по животот.
Станува збор за најсмртоносниот напад против канадските муслимани, од убиството на шест верници во 2017 година во џамија во Квебек.
Градоначалникот на Лонон, Ед Холдер, порача дека станува збор за „чин на масовно убиство, сторено над муслиманите и лондодерите, кој има кроени во неискажливата омраза“.
Канадскиот премиер Џастин Трудо објави на Twitter дека е „згрозен“ од веста и дека „нема место за исламофобијата во нашите краеви“. „Оваа омраза е подмолна и заслужува презир – и мора да престане“, додаде.
Нападот го осуди и пакистанскиот премиер Имран Кан, кој порача дека овој случај укажува на „растечката исламофобија“ во западните земји.