Канада ќе ја продолжи забраната за влез за странски патници до 30 септември за да спречи ширење на коронавирусот, а изземање ќе има за некои Американци, објави владата во Отава.
Од март, патниците кои пристигнуваат во Канада, без разлика дали се државјани на таа земја или не, мора да поминат задолжителен карантин од 14 дена.
Од почетокот на јуни, странските државјани можат да се приклучат на семејство што живее во Канада, ако станува збор за сопруг, деца, родители.
Границата помеѓу Канада и Соединетите држави останува затворена до 21 септември според билатералниот договор со Вашингтон. Дозволена е трговија со стоки и патувања што се сметаат за неопходни.
Најдолгата копнена граница во светот е затворена од март и оттогаш одлуката се обновува секој месец.
Вчера биле вкупно забележани повеќе од 127 000 инфекции со коронавирус и скоро 9,140 смртни случаи во Канада.