Канада драстично го кастри бројот на имигранти

Канада значително ќе го намали бројот на имигранти на коишто им го дозволува влезот во земјата првпат по неколку години, во драматична промена на политиката на непопуларната влада која се обидува да се одржи на власта.

Така, Канада ќе прими 395.000 нови имигранти во 2025 година, 380.000 во 2026 година и 365.000 во 2027 година, што е пад во споредба со 485.000 коишто имигрирале во оваа северноамериканска земја досегга во 2024 година, според владин извор.

Бројот на привремени жители во Канада, пак, ќе се намали за околу 30.000 до 300.000 во 2025 година, тврди The National Post.

Канада долго време се гордееше како земја целосно отворена за новодојденците, но во текот на изминатата година реториката околу имигрантите се влоши. По неколкуте терористички напади, масовни пукања и растечкиот кримина, без преседан во канадската историја, мигрантите беа обвинувани за сешто, од станбената криза до зголемените трошоци за живот и преоптоварениот систем на здравствена заштита.

Ова прашање стана едно од најспорните во канадската политика со федерални избори закажани најдоцна за октомври 2025 година. Анкетите покажуваат дека сѐ поголем дел од населението мисли дека Канада има премногу имигранти.