Канада ќе исплати 40 милијарди долари отштета за децата на староседелците

Канада во вторникот објави дека рамковно договорила исплата на 40 милијарди канадски долари отштета за децата на староседелците кои биле одвојувани од семејствата и ставани во системот за социјалната грижа.

Децата на староседелците непропорционално се застапени во вдомувачката грижа ширим државата. Канада призна дека нејзиниот систем е дискриминаторски, но повеќепати одбиваше да плати отштета и да ги финансира реформите.

Сегашниот договор вклучува 20 милијарди канадски долари за потенцијално стотиците илјади деца на староседелците кои биле одведени од нивните семејства и немале пристап до јавните услуги или тој им бил отежнат. Дополнителни 20 милијарди долари се предвидени за реформа на системот на социјална грижа во следните пет години.

Канадската влада уште во декември објави дека за отштета ќе издвои 40 милијарди долари, но поединостите ги откри дури во вторникот. Договорот доаѓа по речиси 15 години откако здружението на канадските староседелци поднесе тужба поради кршење на човековите права. Станува збор за најголемата финансиска спогодба од овој вид во канадската историја, а конечниот договор мора да се финализира до 31-ви март година.

Минататата година Канада беше потресувана од скандали и масовни протесто откако речиси илјада неозначени гробови беа минатите години пронајдени во поранешните резиденцијални училишта во покраините Британска Колумбија и Саскачеван, со кои управувале Католичката и Протестантстката црква а ги финансирала владата.

Во период од 165 години властите присилно ги одвојувале домородечките деца од нивните семејства, со цел да ги превоспитаат на културата на колонизаторите. Биле изложувани на физичко и сексуално злоставување, како и слабо исхранувани, што Комисијата за вистина и помирување во 2015 година го нарече „културен геноцид“.