Канада ќе го купи американскиот ракетен систем, чија главна намена е во противвоздушната одбрана „земја-воздух“ NASAMS за Украина, соопшти кабинетот на канадскиот премиер Џастин Трудо по неговата средба со американскиот претседател Џо Бајден во Сиудад де Мехико во вторникот.
Трудо и Бајден разговарале за војната во Украина на средбата на челниците на северноамериканските земји во Мексико.
„Ова е првата канадска донација на системи за противвоздушна одбрана за Украина“, истакна канадската министерка за одбрана Анита Ананад на Twitter.
Системите за противвоздушна одбрана се приоритетни за Украина, ѝ кажал претходно во вторникот во телефонски разговор украинскиот колега Олексиј Разников.
„Системот NASAMS е систем со кус до среден дострел кој штити од напади со дронови, проектили и авиони“, толкуваше канадската министерка Ананд/
Донацијата е во вредност од околу 302,6 милиони американски долари, или 406 канадски долари, и се надоврзува на 500 милиони канадски долари колку што Канада ѝ вети на Украина во ноември, според објавата на канадското министерство за одбрана. Притоа се тврди дека Канада „од февруари“ лани издвоила „повеќе од милијарди канадски долари воена помош“ за Украина.
Трудо и Бајден разговарале и за „заедничката доследност во одбраната на Северна Америка вклучително и канадското купување на ловците F-35“, според соопштението. Канада во понеделникот го финализирала договорот за купување 88 ловци „F-35“ од американската компанија „Lockheed Martin“ во вкупна вредност од 19 милијарди канадски долари.