Канада ги укина визите за Мексиканците

Мексиканските државјани веќе нема да имаат потреба од визи за влез во Канада, кои беа воведени од претходната конзервативна Влада како одговор за мигрантскиот бран од Мексико.

Во момент кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп бара да се зајакнат мерките за влез на Мексиканци на американска територија, канадската либерална Влада соопшти дека „укинувањето на визите го изразува големото значење кое Канада го покажува кон Мексико“.

Одлуката е донесена во јуни оваа година на средбата на врвот на двете Америки во Отава. Укинувањето на визите беше едно од предизборните ветувања на канадскиот премиер Џастин Трудо.