Партијата на канадскиот премиер Џастин Трудо наредниот месец ќе разгледа закон со кој ќе се легализира употребата на марихуана до 2018 година.
Либералната партија пред неколку години вети дека канабисот ќе биде подостапен и под контрола на владата.
Прдлог-законот предвидува легализирање на рекреативната употреба на марихуаната во целата земја.
Возрасни граѓани ќе смеат да одгледуваат до четири стебла марихуана со висина до 100 сантиментри и да поседуваат до 30 грама сушена марихуана.
Производителите ќе мора да имаат лиценци и марихуаната ќе биде забранета за користење за помлади од 18 години.
Во некои покраини долната граница ќе биде повисока.
Федералната влада ќе расправа за предлог-законот во април.
Канада моментално е најголем производител на медицинска марихуана што е легална во земјата од 2001 година.