Канада одобри контроверзен нафтен проект

Владата на Канада, четвртиот светски производител на нафта, ја одобри реализацијата на контроверзниот нафтен пеокт во Атлатнтскиот Океан, потврди министерот за заштита на околината Стивен Гилбо.

Проектот под назив „Северен залив“, чиј носител веќе со години е големата норвешка компанија „Equinor“, ќе овозможи добивање нафта од наоѓалишта на длобочина поголема од километар, 500 километри од брегот на покраината Њуфаундленд. Проектот би требало да биде завршен во 2028 година.

Станува збор за петтата нафтена платформа од овој вид во Канада на којашто во 30 години ќе се добијата 300 милиони барели нафта, наведува компанијата.

„Проектот за црпење нафта Северен залив може да продолжи, со поедини никогаш построги услови за заштита на околината, меѓу коишто е и брањато досега неводено за некој нафтен или гасен проект за постигнување карбонска неутралност до 2050 година“, изјави министерот кој е поранешен климатски активист.

Исцрпната студија за заштита на природната средина покажала дека проектот нема да предизвика поголеми негативни последици, тврдеше Гилбо.

Одлуката за проектот кој зелените го сметаат за вистински еколошки испит за владата на премиерот Џастин Трудо, двапат беше одложувана последните месеци. Последните месеци еколошките активист го критикуваа премиерот поради одлуките во нафтениот сектор, во прв ред поради национализацијата на нафтоводот во 2018 година.