Канада: Потрошени 9,1 милијарди долари на пиво

Жителите на Канада во текот на фискалната 2013-та година, која што заврши на 31-ви март, потрошилe 21,4 милијарди долари на купување на алкохолни пијалоци, што е 2,2 отсто повеќе од лани.

Пивото и понатаму останува омилен алкохолен пијалок, на кој што потрошиле 9,1 милијарди долари, што е за 0,1 отсто помалку за разлика од 2012-та година, покажуваат податоците на Канадскиот завод за статистика.

Продажбата на вино минатата година се зголеми за 4,9 отсто, достигнувајќи вредност од 6,8 милијарди долари, додека на купување на жестоки пијалоци жителите на Канада потрошиле 5,4 милијарди долари или за 2,9 отсто повеќе од претходната година.

Потрошувачката на пиво по глава жител во Канада минатата година изнесува 78 литри, што е пад во однос на 2003-та година, кога тој просек бил 83,6 литри. Потрошувачката на вино по глава жител пораснала од 4,3 на 17,4 литри во однос на 2003-та година.