Канада повеќе нема да ги обезбедува Хари и Меган

epa08116526 (FILE) - Britain's Prince Harry pose with Meghan Markle during a photocall after announcing their engagement in the Sunken Garden in Kensington Palace in London, Britain, 27 November 2017 (reissued 10 January 2020). Britain's Prince Harry and his wife Meghan have announced in a statement on 08 January that they will step back as 'senior' royal family members and work to become financially independent. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Канада веќе нема да дава безбедносни услуги на британскиот принц Хари и Меган Маркл, соопшти денеска канадската Влада, откако двојката се откажа од улогата на високи членови на британското кралско семејство.

„Бидејќи војводата и војвотката во моментов имаат статус на меѓународно заштитени лица, Канада има обврска да им пружи помош во обезбедување по потреба. Помошта ќе престане во наредните недели, во согласност со промената на нивниот статус“, се вели во соопштението на канадската Влада.

Кралската канадска полиција и помагаше на лондонската Метрополитен полиција во врска со обезбедувањето на војводата и војводката од Сасекс повремено од ноември кога тие го почнаа шестнеделниот одмор во Канада, се наведува во соопштението на федералната канцеларија на министерот за јавна безбедност.

Меѓутоа, откако Хари и Меган не се сметаат за високи членови на британското кралско семејство, тие натаму нема да добиваат обезбедување платено со јавни пари, кое се проценува дека чини повеќе милиони долари.