Канадската влада соопшти дека донела решение да премести околу 40 шумски бизони од регионот сверена Алберта на Алјаска за да се формираат доволни доволни крда од овие животни и така да се осигура долгорочен опстанок на оваа најголемо копнено животно во Северна Америка.
Шумскиот бизон во Канада има статус на заштите вид уште од 2003 година, а бројот на грлата и натаму е во пад, па се заканува изумирање доколку не биде преземено нешто за заштита на животните.
Во текот на раниот XIX век бројот шумски бизони, кои се поголеми од рамничарските бизони, се проценувал на околу 168.00 во областа на северозападна Канада и во внатрешноста на Алјаска, но веќе на крајот од истиот вел преостанале само неколку стотини.
На Алјаска во 2015 година е започната проект за обновување на популацијата на шумските бизони во дивина, и се проценува дека моменталниот број примероци од овој вид во западна Алјаска е поголем од 100 единики.
Освен во Алберта, шумскиот бизон може да се забележи и во Британска Колумбија, Јукон и во Северозападната територија.