Компанијата „Ариан“ од Канада соопшти дека во соработка со „Синомине интернешенел експлорејшн“ од Хонг Конг забележала значителен напредок во потрагата по резерви на злато во албанската општина Качинар.
„Откривме наслаги за кои се верува дека содржат висок процент на злато. Имено, анализите на 61 мостра покажаа дека дека во тон ископана земја има еден грам злато, осум примероци резултираа со 5-10 грама во тон земја, додека кај 12 примероци 10 грама во тон. Најголем процент од 39,4 грама е пронајден кај еден примерок“, изјави Зариф Данани, генерален директор на „Ариан“.
Се верува дека резервите на злато во ова област се околу 2.435 килограми, чиј износ претворено во пари е прибижно 105 милиони долари.