Канал за шверц на хероин разбиен во Грција

Канал за шверц на хероин разбиен во Грција од страна на силите за безбедност. Хероинот доаѓал од Турција, пишува весникот „Катимерини“.

Полицијата привела седум лица, кои пренесувале наркотици со автомобил, опремен со специјални тајни прегради. Властите идентификувале уште 11 лица, за кои се смета дека припаѓаат кон криминална група.

Во рации во Атина, Солун, Халкидики и Јанина биле одземени 20 килограми хероин и три автомобили.

Очекуваниот профит од продажба на дрогата се пресметува на 400.000 евра. Меѓу уапсените има и Албанец со наредба за апсење издадена од Интерпол.

 

Повеќе на оваа тема прочитајте на следниов ЛИНК.