Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, денес го посети Македонскиот народен театар, каде присуствуваше на пробата на претставата „Сината птица“ на режисерот Златко Славенски која премиерно ќе биде изведена на почетокот на мај.
Канческа- Милевска претходно се сретна со директорот на МНТ Дејан Лилиќ, како и со вработените и со дел од актерите. Со нив разговарала за функционирањето на таа национална установа.
„Се заблагодарив до целиот тим, до сите актери во МНТ за нивниот силен придонес во целокупното творештво и културата на нашата држава. Ме запознаа со сите активности на театарот. Успесите се значително големи,“ изјави Канческа Милевска.
Во МНТ секојдневно има претстави и на големата и на малата сцена.Премиерно во декември во новиот МНТ беше одиграна „Вечната куќа“, а досега се одиграни над 40 претстави, три премиери, со над 23 000 посетители.
Министерката Канческа-Милиеска уште еднаш искажа благодарност до актерите за нивниот ангажман околу првата премиера на отворањето на новиот објект со претставата која, како што рече, ќе биде запаметена во театарската историја на Република Македонија.
– Претставата беше голема од секој можен аспект и од делот на прикажување на целокупната сценска технологија која ја поседува театарот, од моќноста на целокупната актерска екипа која се најде на сцената, од режисерката моќ на Дејан Пројковски, додаде Канческа Милевска.
На средбата со директорот Лилиќ и дел од актерите станало збор ми за идните активности, како и за првиот меѓународен фестивал што во мај ќе го реализира МНТ и на кој голем број театри од регионот и пошироко ќе учествуваат и ќе ја работат својата претстава со врвната сценска технологија и аудио видео опрема која ја поседува театарот.