Кандидат на крајно десната AfD победник на локални избори во Германија

Кандидатот на евроскептичната и противодселеничка крајно десна партија Алтернатива за Германија (AfD) победи на изборите во неделата и ова е првпат оваа партија којашто последниот период се противи и на германското членство на НАТО да добие челник на округ, што претставува голем пресврт за партијата којашто во моментов ужива рекордно висока поддрпа во анкетите на национално ниво.

Партијата AfD се појави пред десет години со противење на еврото а доби популарност во текот на мигрантската криза в 2015-та и во германскиот парламент Бундестагот првпат влезе во 2017-та, а со којашто главните традиционални партии во Германија одбиваат да соработуваат критикувајќи ги нејзините радикални ставови. Но сега оствари надмоќна победа во вториот круг, што го потенцира успехот, од локалните избори во округот Зонеберг во источната германка сојузна покраина Тирингија, освојувајќи 52,8 отсто од гласовите.

Станува збор за најновиот успех на партијата на којашто континуирано ѝ расте поддршката по незадоволството на јавноста од работата на владата на канцеларот Олаф Шолц од Социјалдемократската партија на Германија (SPD), на сојузот на Зелените (Bündnis 90/Die Grünen) и Либерално-демократската партија (FDP), која се соочува и со внатрешни судири околу политиките и буџетот.

За AfD, којашто според анектите има поддршка меѓу 19 и 20 отсто од гласачите, политичките аналитичари сметаат дека ѝ одат во полза стравувањата на граѓаните во врска со рецесијата, големата миграција и зелената транзиција, а на сојузните избори во 2025 година има намера и да истакне свој ткн „шпицен-кандидат“, односно кандидат за канцелар.

Партијата особено го зајакна својот рејтинг на просторот на поранешната комунистичка Источна Германија, а анкетите упатуваат на тоа дека може да оствари победа во три источни сојузни покраини следната година.

Јасната победа на Роберт Сеселман, кандидатот на AfD, во округот со околу 56.000 жители му испраќа порака на Берлин, наведуваат аналитичарите, особено откако сите други партии во вториот круг се обединија против него.

Сеселман во вториот круг од изборите се соочи со конзервативниот кандидат по првиот круг одржан пред две седмици, а кој во неделата освои 47,2 отсто од гласовите.

И додека партиите од крајната десница зајакнаа ширум Европа последните две години, јакнењето на AfD е особено деликатно прашање поради обвинувањата од ривалските партии поради нејзина наводна асоцијација со германаското нацистичко минато. Партијата последната година силно се противи на западните санкции против Русија поради војната во Украина и со научни трибини го оспорува човечкото влијание за климатските промени, што силно му пречи на неолибертаријанскиот естаблишмент.

Во обидите да се заузди подемот на AfD се вклучи и германската разузнавачка агенција која претходно во јуни објави дека наводно крајно десниот екстремизам претставува најголама закана за демократијата во Германија и многу невообичаено отворено им испрати порака на предупредување на гласачите во однос на поддршката на Алтернатива за Германија.