![interpol-640x294](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/interpol-640x294.jpg?resize=640%2C294&ssl=1)
Кандидатот за иден шеф на Интерпол, Мубит Нава од Замбија, е обвинет за вмешаност во киднапирање, приведување, напад и обид за изнуда на двајца индиски бизнисмени.
Адвокатите Винод и Удит Саду му пишаа на Интерпол велејќи дека обвинувањата против Мубита Нава, заменик – полициски комесар во Замбија, укажуваат на тоа дека тој е „очигледно неподобен“ да биде идниот генерален секретар на таа организација, пишува „Гардијан“.
Нава, кој е поддржан од земјите – членки на Африканската унија, е еден од четворицата кои се најдоа во потесниот избор за позицијата лидер на Интерпол, а се очекува наскоро да биде објавено кој ќе ја преземе таа функција.