![lebron-i-durent](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/lebron-i-durent.jpg?resize=640%2C320&ssl=1)
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс истакнува дека е бесмислено неговиот тим да се смета за кандидат за освојување на шампионската титула во следната сезона.
Ние сме млад тим и како таков мораме да напредуваме секој ден. Неопходно е да се биде подобар и подобар, рече Леброн.
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња нема дилема која има најголеми шанси за титулата.
Постојат многу кандидати за титулата, „Хјустон“ е многу добар, потоа „Оклахома“, „Бостон“, „Филаделфија“, „Торонто“ … Но шампион може да биде само еден- „Голден Стејт Вориорс“, јасен е 33-годишниот Џејмс.
„Вориорси“ беа шампиони во претходните две сезони, а сега уште повеќе го зајакнаа тимот откако им се приклучи еден од најдобрите центри во лигата, ДеМаркус Казинс.
Леброн Џејмс освои три НБА прстени, два со „Мајми Хит“ и еден со „Кливленд Кавалирс“, но ова е првпат кошаркарот да се натпреварува во Западната дивизија, која со години е значително посилна од источната.