
Најголемиот дел од кандидатите за градоначалници на претстојните локали избори преложени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ имаат убедливо водство пред кандидатите на владејачката СДСМ, покажува теренското истражување на јавното мнение што од 13-ти до 17-ти септември го спровел институтот Организација за граѓански активизам и независност.
Според во четвртокот презентираните показатели, во скопската општина Гази Баба, во убедливо водство со 26,5 отсто поддршка е Бобан Стефковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека актуелниот градоначалник Борис Георгиевски од СДСМ и коалицијата заостанува со 20,5 отсто. Другите два противкандидати, Ѓорги Тодоров од Интгра и Катерина Јовановска Ивановска од ТМРО имаат малку над два процента поддршка.
За ниту еден кандидат во Гази Баба нема да гласаат 22,4 отсто, додека сѐ уште не се определиле или не сакаат да се изјаснат 25,9 отсто.
Во теренското истражување на територија на општина Гази Баба репрезентативен примерок од 738 испитаници.
И во Битола во значителна предност е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски со 22,6 отсто, пред Христо Кондовски од СДСМ со 18,3-процентна поддршка.
Актуелниот министер за локална самоуправа, Горан Милевски, кој е кандидат на коалицијата ЛДП-ДОМ, инаку коалициски партнери во власта на СДСМ но на овие избори одат сами, далеку заостанува со 7,1 поддршка од битолчани. Другите кандидати се со околу 1 отсто поддршка.
Во Битола за ниту еден кандидат нема да гласаат 21,5 отсто, додека 26,7 проценти не се изјаснуваат или досега не се решиле кому да го дадат својот глас.
Во теренското истражување на територијата на општина Битола на репрезентативен примерок од 744 испитаници.
Убедливо е и водството на Андон Сарамандов пред Сашко Поцков во Гевгелија. Кандидот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментов има поддршка од 24,4 отсто од испитаниците, додека актуелиот градоначалник поддржан од коалицијата водена од СДСМ заостанува со 19,3 отсто довеба.
Во најужниот голем град во земјата засега 26,8 отсто не се изјаснуваат за кого ќе го дадат гласот, додека 20,9 отсто од испитаните гевгеличани велат дека нема да гласаат.
Во теренското истражување на територијата на општина Гевгелија на репрезентативен примерок од 597 испитаници.
Еден процентен поен изнсува водството на Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ (26,9 отсто) пред Тони Делков од СДСМ (25,9 отсто) во трката за градоначалничката фотелја во Неготино. Таму нема да гласаат 22,4 отсто а не се изјаснуваат или сѐ уште не се одлучиле 24,8 отсто од испитаниците.
Во теренското истражување на територијата на општина Неготино на репрезентативен примерок од 558 испитаници.
Во денеска објавените анкети, владејачката СДСМ единствено во моментов има предност во Делчево, каде што нејзиниот кандидат Горан Трајковски има доверба кај 27,09 отсто од испитаниците, додека Николчо Стојменовски од ВМРО-ДМНЕ го поддржуваат 24,5 отсто од сограѓаните. Во оваа општина на истокот нема да гласаат 22 отсто а не се изјснуваат 25,6 отсто од испитаниците.
Во теренското истражување на територијата на општина Делчево на репрезентативен примерок од 519 испитаници.
Организацијата за граѓански активизам и независност која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.
При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.