Кандидатите за заменици министри во Владата се подготвени да донесат позитивни промени, соопштија од ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека нејзините кандидати за заменици министри во како што велат „Владата на надеж и антикорупција“ ги поминале сите филтри и се подготвени да донесат опипливи и позитивни промени.

-Со гордост и длабока посветеност, коалицијата ВЛЕН соопштува дека нашите кандидати за заменик министри во Владата на надеж и антикорупција ги поминале сите филтри и сега се во собрание пред пратениците за изгласување. Овие истакнати кандидати ги претставуваат највисоките вредности на достоинство, професионализам и надеж за Албанците од Северна Македонија. Со докажано резиме на интегритет и посветеност кон јавното добро, и без никаква дамка на корупција, нашите кандидати се подготвени да донесат опипливи и позитивни промени, наведуваат од ВЛЕН во пресрет наденешната собраниска седница на која ќе се гласа за заменици министри.

Во време кога криминалот, корупцијата, коцкањето и девијантното однесување го загрозуваа нашето општество, веруваме, се ддоадава понатму, дека овие избрани поединци се клучот за вистинска трансформација.

-Владата на надеж и антикорупција е решена да гради посветла иднина за сите граѓани, промовирајќи ја правдата и еднаквоста. Посветени сме на искоренување на криминалот и корупцијата еднаш засекогаш и враќање на довербата во нашите институции. ВЛЕН е надежта на Албанците од Северна Македониј!, стои во соопштението на Коалицијата.

Собранието денеска ќе ја одржи 11. седница на која треба да бидат изгласани замениците-министри во Владата, со што целосно би се комплетирал владиниот тим.