Кандидатката на опозицијата, Данела Арсовска води во повеќе скопски општини

Според првичните информации објавени од Државната изборна комисија (ДИК) независниот кандидат за градот Скопје, Данела Арсовска, води во повеќе скопски општини пред Петре Шилегов. Од 10,36% обработени гласачки места, Арсовска има 11.721, а Шилегов 7.406 гласа.

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ во овој момент има убедливо водство во овие општини: Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Центар и во Карпош.

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов води во Сарај и во Чаир.