„Првата работа што ќе ја направи министерот за правда во мојата влада е да поднесе барање до Врховниот судски совет (ВСС) за ослободување од должност на главниот обвинител Иван Гешев поради нарушување на угледот на судството.
Ова го изјави кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС Марија Габриел во Народното собрание пред својата пратеничка група.
– Стојам со чувство на гордост и чувство на скромност затоа што вие ме познавате“, изјави Габриел. Таа додаде дека денеска се соочува со „чувство на одговорност“.
– Денеска мојата прва порака е да работиме заедно за иднината на Бугарија и за највисокиот кредитен рејтинг – трите А“, рече кандидатката за премиер Габриел.
Таа објасни дека првото А е амбиција да се создаде силен менаџерски тим, второто А е авторитетот на Бугарија во Европа и третото А е ангажман кон народот.
Таа наведе и 10 приоритети на кои ќе работи евентуалната влада со првиот мандат, пренесува БТА. Според неа, клучен збор во формирањето на идната влада би бил „дијалог“.
Под број еден би било претставување план за излез од политичката криза и работна влада, нормализирање на работата на институциите.
На второ место Габриел посочи на стабилизација на јавните финансии и усвојување на буџетот.
Како трет приоритет таа ги издвои реформите во правосудството, донесувањето на основните закони, механизмот за истрага на јавниот обвинител (. .
) – Работите не треба да застанат тука, туку да се дојде до уставна реформа, коментира таа. Потоа најави дека доколку стане премиер ќе бара оставка од Иван Гешев.
Инаку, како што пишува бугарски Медиапул, ГЕРБ за првпат го споменува предвременото ослободување од должност на главниот обвинител, кого досега го бранеше.
Во моментов, главниот обвинител може да биде разрешен само со одлука на Врховниот судски совет (ВСС), освен ако не поднесе оставка. Сегашната постава покажа дека ова е тешка задача за остварување.
Најпрво Јаанаки Стоилов како вршител на должноста министер за правда започна ваква постапка, потоа Надежда Јорданова побара од ВСС да се испита работата на Иван Гешев, но истата беше одбиена.
Таа како нејзин приоритет го истакна прифаќањето на Бугарија во еврозоната и Шенген зоната, пренесува БТА.
Меѓу приоритетите претставени од кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС се справувањето со инфлацијата и растот на цените, јасно гарантирање на енергетската безбедност на земјата, надминување на доцнењето на оперативните програми, подобрување на безбедноста на бугарските граѓани, надминување на домашниот криминал, „ војната на патиштата“, справување со миграцијата и модернизирање на војската.
Осмиот приоритет што го посочи Габриел е забрзување на учеството на Бугарија во проекти поврзани со модернизација на земјата – во областа на науката, образованието и културата, во секторите со транзиција на зелена енергија и дигитализација на јавниот сектор.
Инвестициите во младите се клучни за модернизацијата на државата, тоа значи модерно и иновативно образование, давајќи им повеќе можности на младите, коментира Габриел.
Надминувањето на регионалните диспаритети преку насочени акции за стимулирање на вештините, според потребите на пазарот на труд, е исто така меѓу приоритетите што ги презентираше Марија Габриел.
Заштитата и подобрувањето на здравјето со ефективна здравствена политика е десеттиот приоритет што го посочи кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС. ссм/фото: БТА .