Кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопската општина Гази Баба, Борче Георгиевски, во синоќешното соочување со актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски, доживеа дебакл и покажа дека воопшто не ја познава општината а којашто се кандидира, па така ветува асфалтирање на улица „Сава Ковачевиќ“, но таква улица воопшто не постои во Гази Баба
Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Гази Баба Тони Трајковски во вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 го обвини својот противкандидат од СДС; дека пред граѓаните ветува проекти кои веќе се изградени од страна на досегашниот градоначалник Трајковски.
„Тој ќе изгради ново основно училиште ‘Вера Јоциќ’, а тоа училиште веќе има еден кат изградено, така што граѓаните во општината Гази Баба не може да се лажат и тие знаат да препознаат лага, основното училиште се гради и тоа не може да се отпочне да се гради и следната година би требало да биде изградено. Не може да се осветли игралиштето во Колонија бидејќи рефлекторите веќе се поставени минатата година. Исто така улицата каде што живее мојот против кандидат е асфалтирана, а тој во неговата програма вели дека ќе се асфалтира, тој ветува и поставување на подземни контејнери во Триангла а тие веќе се поставени“, рече меѓу другото Трајковски.
Додаде и дека секој кандидат треба да направи сериозна програма и анализа и секој проект мора да биде точно конкретизиран.
Трајковски, исто така, на Георгиевски му порача дека градбата на салата и градинката во Стајковци кои ги ветува беше блокирана од новата Влада, а оти општината со сопствени средства ќе ги реализира.
„Градинките и училиштата се обврска на Владата и Министерството за образование и наука и тие доколку до сега не изградиле ниту еден проект како ќе ги убедат граѓаните дека ќе изградат во иднина? Ние сме изградиле и ново училиште и градинка со домаќинско и чесно работење. Јас им ветуван на граѓаните дека и без Владата која досега немаше слух ние сами ќе изградиме, ќе заштедиме пари и ќе скратиме некој проект за да децата и учениците имаат пристојни објекти за згрижување“, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај тоа, Трајковски го потсети кандидатот на СДСМ Георгиевски дека една од лагите кои СДСМ цело време ги кажувале е дека каналите во Гази Баба не биле исчистени, па поради тоа дошло до големите поплави во август минатата година. Трајковски напомена дека Општина Гази Баба девет години по ред ги субвенционира граѓаните да плаќаат за одводнувањето.
„Во периодот кога Борче Георгиевски беше советник, имаме за тоа и стенограми, кога ние ги носевме одлуките за да помогнеме на граѓаните за чистење на каналската мрежа, Борче велеше дека тоа не е приоритет и тие никогаш немаат гласано за овој проект. Многу е нечесно сега да се вели дека ќе се залагаме за чистење на каналската, а кога претходно имал можност како советник да гласа не гласал“, изјави Трајковски.
Тој уверува дека каналската мрежа редовно се чисти, годишно по 20 километри.
„Втората за жал лага е дека со изградбата на обиколницата се направила брана и сме донесени во ситуација да се направи ваква елементарна непогода, односно поплава. Обиколницата е направена по проект од времето кога СДСМ беше на власт“, изјави Трајковски.
Кажа и дека за кратко време било санирани улиците, санирана била водоводна мрежа, со помош на општината санирани биле проблемите кои беа предизвикани од поплавата.