Kандидатот за министер на МВР од ВМРО-ДПМНЕ Тошковски е еден од адвокатите на обвинетите за 27 април: Неправедно се осудени, а неправда трпат и нивните семејства

Адвокатот Панче Тошковски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов министер за внатрешни работи во техничката влада за спроведување на фер изборен процес.

Тошковски е добро познат во јавноста, а важи за еден од најдобрите адвокати во земјата кој застапувал голем број на граѓани пред македонски судови, како и пред меѓународните судови во предмети во граѓански, имотно правни, трговски, управни и кривични спорови.

Еден од тие предмети е токму и случајот за настаните од 27ми април во кој беа обвинети 33 лица, кои подоцна 15 од нив беа амнестирани со Законот за амнестија, додека останатите беа обвинети на 200 години затвор.

Тошковски во тој предмет е јавува како адвокат на Митко Пешов, вработен во раководител на одделот за посебни единици во полицијата. Целата постапка се одвиваше на нетранспарентен начин, без докази, а Пешов во предметот беше осуден на казна затвор од 15 години заради сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со несторување.

Тошковски постојано говореше дека не се прифатливи тезите на обвинителство, како и дека обвинението за кои се товарат лицата од 27ми април е неиздржано, бидејќи не станува збор за никаков терористички чин против безбедноста на државата, како и дека Пешов не е никаков носител на команда од страна на МВР, како и дека тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу сведочел дека не му дал никаква наредба на Пешов.

Замислете со несторување сторил кривично дело. Каква е таа теза на обвинителството. И притоа во првата фаза на обвинителниот акт, обвинителството ги имаше следните три тези, бил носител на сребрена команда, примил наредба од претпоставениот Агим Нухиу тогашен министер за внатрешни работи а не ја издал и трето вели на денот на крвавиот четврток, 27 април не бил во Скопје, бил во Кавадарци, рече тогаш адвокатот Тошковски и додаде:

Првата дека бил носител на сребрена команда, а обвинителството само даде доказ дека не е во рамки на команден протокол. Не е носител ниту на златна, ниту на сребрена ниту на бронзена команда Митко Пешов. Самото обвинителство го даде тој доказ. Втората дека Агим Нухиу му дал наредба се сведе на тоа што Нухиу дојде на сведочење и вика јас не сум му дал наредба на Митко Пешов. Третата дека бил во Кавадарци а не бил во Скопје е тоа што таму живее и нема ништо материјално стекнато. Единствено што има е стан кој што е на кредит.

Тошковски беше и еден од адвокатите кој беше неправедно парично казнет и отстранет од судењето при бранење на еден од осомничените, за кои подоцна Уставниот суд ги поништи овие решенија на судот. Но ниту тоа не го поколеба Тошковски да ја докаже невиноста на неговиот клиент Пешов и на другите осомничени во предметот за 27ми април.

Нам како адвокати оваа одлука ќе ни даде мотивација и понатаму да продолжиме да се бориме за подобри услови за работење и за поголеми права“, потенцира адвокатот Панче Тошковски.

Тошковски во неколку наврати јавно говореше дека освен тоа што обвинетите во целата постапка биле неправедно обвинет без докази, туку и дека нивните семејство трпат неправди.

Кој ќе биде одговорен за нивната репресија, за нивниот живот? Кој ќе биде одговорен за жртвата на нивните фамилии? Синот на Пешов официјално беше одбиен од конкурс од МВР само заради тоа дека е негов син. Пишуваше, „ве известуваме, бидејќи за вашиот татко се води кривична постапка, и вие претставувате безбедносен ризик за Македонија“ А неговиот татко 23 години животот го дал за Република Македонија. Ај што трпат обвинетите, и децата нивни трпат, изјави Тошковски.

За предметот „27 април“ и маратонските рочишта беше нотирани и во месечните извештаи за состојбата со човековите права на невладините организации. Додека пак дел од граѓанските организации кои го следат правосудството нагласија дека во судскиот процес се постапува на штета на обвинетите, особено во делот на динамиката на судскиот процес и неможноста за адекватна подготовка на сите учесници во постапката.

Поддршка за Тошковски доаѓа и од внукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто кој е еден меѓу обвинетите во предметот за 27ми април, кој на социјалната мрежа фејсбук објави дека адвокатот Тошковски е браникот на македонскиот народ во техничката влада, додавајќи дека ја победил судијката Добрила Кацарска во 27ми април бидејќи во САД се изучува предметот 27ми април како не треба да се суди од страна на Кацарска.

Тошковски за министер за внатрешни работи во техничка влада треба да биде изгласан во недела на 28 јануари во собранието, а неговата улога е обезбедување на фер и демократски изборен процес во кој ќе се почитува волјата на граѓаните.