Кандидатот за претседател на Црна Гора добил закани по животот

Црногорскиот претседателски кандидат Јаков Милатовиќ ќе биде чуван од полиција поради стравувањата дека животот му е во опасност, соопшти црногорското МВР, цитирано од весникот „Виести“.

За ова Владата ќе одлучува денеска или утре, потврдиле од извршната власт за весникот.

Според законите на Црна Гора, Агенцијата за национална безбедност на барање на полицијата прави проценка на ризик.

Од партијата на Милатовиќ неофицијално потврдија дека во неговиот изборен штаб биле примени закани по неговиот живот, додава Виести.

Во првиот круг од претседателските избори во Црна Гора на 19 март, Милатовиќ доби 28,92 отсто од гласовите и се квалификуваше за вториот круг. Негов ривал е актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, кој доби 35,37 отсто од гласовите, шест отсто помалку од Милатовиќ.